Нарачки од телефоните на келнерите, сметки, залихи и промет во живо. Сè на едно место — и на касата, и во твојот џеб кога не си таму.
Секој екран, во целосна големина. Ова не се цртежи — тоа е вистинскиот интерфејс.
Состојбата на секоја маса на еден поглед. Сините рамки се гости што викаат преку QR кодот — знаете точно која маса, зашто секој код го носи својот број.
Палачинка со 7 филувања и 5 додатоци дава над 500 комбинации. Како групи опции — една ставка во менито. Плус слободна белешка за сè што не е предвидено.
КАФЕ БАР ЦЕНТАР
ул. Македонија 12, Скопје
ЕДБ: MK4030999123456
────────────────────────────
Капучино (А)
2 x 90,00 180,00
Шопска салата (А)
1 x 180,00 180,00
Тавче гравче (А)
1 x 260,00 260,00
Скопско 0.33 (Б)
3 x 120,00 360,00
────────────────────────────
ВКУПНО 980,00
ДДВ А 10% 56,36
ДДВ Б 18% 54,92
Готовина 980,00
────────────────────────────
Маса 12 Келнер: Ана
20.08.2026 21:47
БР. НА СМЕТКА: 001042
ФМ 4A20 3C91 D7E2
────────────────────────────
ФИСКАЛНА СМЕТКА
Двете ДДВ групи одделно — 10% за храна и кафе, 18% за алкохол, означени со А и Б, како што бара законот. Ова е единственото место каде се создава фискална сметка.
Картичките поминуваат од зелено во портокалово во црвено како што минува времето. Бојата никогаш не е сама — секогаш стои и бројот на минути, за да не зависи од разликување бои.
| Келнер | Промет | Просек | Сторна |
|---|---|---|---|
| Ана | 18.420 | 768 | 0,6% |
| Бојан | 14.180 | 746 | 0,9% |
| Марија | 11.260 | 751 | 0,4% |
| Стефан | 4.460 | 1.115 | 4,2% |
Ден, недела, месец или период по избор. Сторната по келнер е намерно на видно место — тоа е бројот што сопствениците го бараат прв.
| Состојка | Состојба | Минимум | Ниво | Вредност |
|---|---|---|---|---|
| Тортиља кори | 9 пар | 30 | 144 | |
| Тирамису парче | 6 пар | 12 | 390 | |
| Кока-Кола 0.25 | 11 пар | 36 | 374 | |
| Бело сирење | 2.100 г | 3.000 | 882 | |
| Еспресо зрна | 4.200 г | 2.000 | 5.880 | |
| Млеко | 18.000 мл | 10.000 | 1.620 |
| Состојка | Кол. | Кост |
|---|---|---|
| Еспресо зрна | 7 г | 9,80 |
| Млеко | 150 мл | 13,50 |
| Артикл | Треба | Има | Δ |
|---|---|---|---|
| Еспресо зрна | 4.200 | 3.890 | −310 |
| Скопско 0.33 | 38 | 33 | −5 |
| Домашно вино | 9.400 | 8.700 | −700 |
Продадено капучино одзема 7 г зрна и 150 мл млеко. Разликата меѓу теоретско и пребројано ја претвора сомневањето во број.
2
1
2
Истиот дизајн, темна тема. Секој уред памети своја — касата светла, шанкот темен, како што одговара на осветлувањето.
Ги гледа своите маси
Нарачува до масата
Барања од QR кодовите
Веб-страница што келнерот ја отвора на сопствен телефон, преку WiFi на локалот. Без App Store, без таблет по вработен, без трошок за хардвер.
Гостинот скенира и гледа
Свој код за секоја маса
Секој QR код го носи бројот на својата маса. Кога гостинот вика келнер или бара сметка, знаете точно каде да одите.
Софтверот е инсталиран на вашиот компјутер, не во облак. Нарачките, сметките, фискалниот принтер, кујната и телефоните на келнерите работат преку вашата WiFi мрежа.
Само QR менито и далечинскиот преглед паузираат додека нема врска.
Без модули што се доплаќаат подоцна.
Келнерот нарачува на сопствен телефон, до масата. Без таблети, без App Store, без трошок за хардвер по вработен.
Поврзување со вашиот фискален принтер. ДДВ 10% и 18% одделно, како што бара законот.
Палачинка со филување, бургер со сос, кафе со овесно млеко. Плус слободна белешка.
Знаете колку треба да имате, не само колку сте продале.
Келнерот не може да брише сметка, да дава попуст ниту да гледа извештаи.
Ден, недела, месец или период по избор. Промет по келнер, сторна, најпродавани, кост на храна.
Секоја маса со свој код. Гостинот го гледа менито и вика келнер — знаете точно која маса.
Едно плаќање по локал. Без процент од прометот.
Мало кафуле, еден шанк
Ресторан со кујна
Синџир или франшиза
Во цената влегува инсталација, пренос на менито и обука на персоналот.
Со фактура за вашето книговодство, или со картичка ако сте надвор од Македонија.
Добивате е-фактура со линк за плаќање. Плаќате преку вашата банка, како и секоја друга фактура.
Плаќање со картичка во евра. Добивате фактура од нашата фирма.
Лиценцата се активира веднаш по потврдена уплата.
Зависи од моделот. Кажете ни го точниот модел и ќе ви кажеме веднаш. Ако не е поддржан, ви кажуваме однапред — не по потпишување.
Локалот работи нормално. Нарачки, сметки, фискален принтер, кујна и телефоните се на вашата локална мрежа. Само QR менито и далечинскиот преглед паузираат.
Секоја вечер се прави проверена резервна копија. Инсталираме на друг компјутер и ја враќаме копијата — работите за околу дваесет минути.
Не. Само администраторот, со лозинка и задолжителна причина. Ниту тогаш не се брише навистина — останува во евиденција. Затоа извештајот за сторна значи нешто.
Не. Келнерите користат сопствен телефон. Се отвора страница преку WiFi на локалот и се додава на почетен екран.
Ваши, и стојат кај вас. Базата е една датотека на вашиот компјутер. Можете да ја изнесете во секој момент.
Софтверот преминува во режим само за читање — ги гледате и изнесувате сите податоци и го печатите дневниот извештај, но не се внесуваат нови нарачки. Податоците остануваат ваши засекогаш.
Smart Serve во моментов работи во прв локал. Земаме мал број локали за почеток, за да стигнеме да ве поставиме како што треба.
Напишете ни колку маси имате и каков локал е. Одговараме во рок од еден работен ден.
Пишете ниДоаѓаме кај вас, инсталираме на пробен период и работите со вистински нарачки. Ако не ви одговара — нема обврска.
Контактирајте нè